ДОМОТ ВО НАШИТЕ ОЧИ
Сите бараме домови и засолништа
низ местата кои не постојат,
низ улиците полни со џагор
и во празнотијата на луѓето кои
ни недостигаат.
Во соништата ги замислуваме,
ги идеализираме
и трагично завршуваме во ладни
соби
во кои една душа не може
да најде место за друга во себе.
Во таа потрага ентузијастички
забораваме
дека полека го губиме здивот
и дека се тероризираме од желбата
да го пронајдеме домот
во кој ќе ни биде удобно.
Забораваме дека домот е некаде во
нас
и единствено може да нѐ стопли
сопствениот оган кој тлее,
но никој не го одржува за да
гори.
Iz knjige VIŠEGLASJE: Zbornik odabranih pesama 8. Evropskog Fejsbuk pesničkog festivala
Više o knjizi: