Višeglasje (Krstevski, Davor, Kumanovo, Makedonija)

КРЕАЦИЈА...

Можеби и предолгу траам,
другар, не по моја вина,
видиш и оваа ладна вечер,
додека под нозете волшебно,
пукаат и крцкаат лебарките,
еуфорично расположени умираат,
илзлезени да го видат Дедо Мраз,
замислен го дефинираш твото траење,
преку умирања и погреби,
бизарно реални во сеќавањата,
а нема, ни остана само една смрт,
само една смрт другар,
последна за вечерва,
а утре, па утре whatever.

Ми зборуваш за љубовта,
вознес бараш во последниот чин,
во кој таа со менструална крв,
исцртала пејзаж на срцето,
кое ита кон само една смрт,
граница е црвенилото,
сега си нејзин приватен резерват,
егзотично животно, индијанец,
евтина разонода за нејзините
родители, роднини, колешки,
бинарен код си, во кој нулата,
невидливо ти е залепена на дресот,
ко смрта, последна, за вечерва,
а утре, па утре whatever.

Се поклонуваш пред стариот мудрец,
чекајќи просветлние и малку алкохол,
тој само сировица може да ти даде,
мудро велејќи ти дека си говедо,
се лизгаш по зелените линији,
бог си во бавчата на твојот ум,
преполна со расипани ветерници,
измислени врати без клуч,
и неколку суви солзи, исушени,
пред и да потечат, ко лузни,
длабоко во очите другар,
таму си ти, таму е твојата креација,
самиот себе исплачи се ко ремек дело,
во очите на таа една смрт,
последна за вечерва...


а утре па утре whatever... really...


Iz knjige VIŠEGLASJE: Zbornik odabranih pesama 7. Evropskog Fejsbuk pesničkog festivala

Više o knjizi: